Американскиот милијардер најголемиот ривал на својата компанија Тесла го гледа во Кина, каде што има компанија за која очекува „најверојатно да биде втора“ во производството на електрични возила, оценувајќи дека кинеските ривали работат „најнапорноо и најпаметно“.
Кина е вториот по големина пазар на Тесла, каде што во 2022 година беа продадени две третини од електричните возила во светот, а исто така е и локацијата на најголемата фабрика на Тесла.
Запрашан за најголемиот ривал на Тесла, Маск одговори дека ги почитува автомобилски компании во Кина, нарекувајќи ја најконкурентниот пазар во светот, но не именуваше ниту една од нив.
„Тие работат најнапорно и најпаметно. Значи, претпоставуваме, од Кина може да се појави компанија која ќе биде втора во производството на електрични возила, зад Тесла“, рече Маск.