Конвенција на американските републиканци: Хејли и ДеСантис го поддржуваат Трамп

Поранешните ривали на Доналд Трамп за републиканската претседателска номинација, Ники Хејли и Рон ДеСантис, дадоа целосна поддршка за неговата кандидатура на партиската конвенција, во знак на партиско единство неколку дена откако тој преживеа обид за атентат.

Хејли, која го опиша Трамп како неподобен за функцијата за време на нејзината кампања, ги повика своите поддржувачи да гласаат за него наместо за демократскиот претседател Џо Бајден.

„Не мора да се согласувате со Трамп 100 проценти од времето за да гласате за него“, рече Хејли, поранешна амбасадорка во Обединтите нации каде што ја испрати Трамп кога стана „незгодна“ со рејтонгот како гувернека на сојузната држава Јужна Каролина, откако излезе на сцената со овации и свирежи.

ДеСантис, конзервативниот гувернер на Флорида, чија кампања пропадна претходно оваа година, доби топло добредојде од масата кога го нападна 81-годишниот Бајден дека е премногу стар за функцијата.

Трамп аплаудираше од својата ложа во арената, каде што седеше до кандидатот за потпретседател, сенаторот ЏејДи Ванс, а десното уво му беше преврзано поради обидот за атентат во саботата. Ванс, кој и самиот беше жесток критичар на Трамп, но стана негови непоколеблив поддржувач, ќе ја предводи третата вечер од конвенцијата во средата.

Републиканската хармонија е во остра контраст со демократите, кои поминаа неколку седмици фокусирани на внатрепартиските тензии околу тоа дали Бајден треба да се откаже од својата кандидатура за реизбор по катастрофалната телевизиска дебата на 27 јуни против 78-годишниот Трамп.

Многу од синоќешните говори во Милвоки насочени на темата за законот и редот беа исполенти со антиимигрантската реторика на Трамп, при што говорниците налутено ја осудија политиката на Бајден кон јужната граница на земјата.

Кари Лејк и Берни Морено, кои се кандидираат за место во Сенатот во Аризона и Охајо, како и актуелните сенатори Тед Круз од Тексас и Том Котон од Арканзас, го нарекоа протокот на мигранти „инвазија“.

Семејството на Рејчел Морин, жена од државата Мериленд, за која властите велат дека била киднапирана и убиена од имигрант од Ел Салвадор, кој неколкупати илегално ја преминувал американско-мексиканската граница, ја обвини политиката на Бајден за убиството. Трамп често ги демонизираше имигрантите како насилни криминалци. Трамп вети дека ќе го започне најголемиот обид за депортација во историјата на САД.

Некои од жестоките напади на конвенцијата беа во спротивност со пораката за национално единство што Трамп вети дека ќе ја пренесе по обидот за атентат врз неговиот живот на митингот во Пенсилванија во саботата. Лара Трамп, неговата снаа и копретседател на Националниот комитет на Републиканската партија, ја заврши вечерта со промена на тонот, велејќи дека Американците треба да запомнат дека „има повеќе нешта што нѐ обединуваат отколку што нѐ разединуваат“.

Сепак, по пукањето, стравувањата на гласачите за длабоко поларизирана нација пред изборите на 5 ноември се чини дека само се продлабочија. Анкетата на Reuters/Ipsos спроведена во понеделникот и вторникот покажа дека 80 отсто од гласачите, вклучително и сличен дел од републиканците и демократите, се согласуваат дека „земјата излегува од контрола“.

Властите допрва треба да го откријат мотивот за атентатот. Американската Тајна служба на самото место го уби 20-годишниот напаѓач.

Во својот прв предизборен говор по обидот за атентат врз Трамп, Бајден во вторникот им рече на афроамериканските гласачи во Лас Вегас дека е „подготвен“ за реизбор, повторно отфрлајќи ги повиците на некои демократи да се повлече од трката.

Четиридневната конвенција на Републиканската партија ќе кулминира со обраќањето на Трамп во ударниот термин во четврток, кога тој официјално ќе ја прифати партиската номинација за повторно соочување со Бајден.