Украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков изјави дека вториот конвој бродови со украински земјоделски производи испловил од украинските пристаништа на Црното Море, како дел од договорот за деблокирање на украинскиот прекуокеански извоз.
Кубраков на Твитер објави дека четирите товарни бродови „Мустафа Неџати”, „Стар Хелена”, „Глори” и „Рива Винд” биле натоварени со речиси 170.000 тони жито.
Овие четири брода ја напуштија Украина во согласност со рамковниот договор што го потпишаа Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.