Конвој од камиони и капемски возила ги блокираа во вторникот улиците околу новозеландскиот парламент во Велингтон, во протсетот приотив епидемиолошките мерки според примерот на речиси двонеделната блокада на канадската престолнина Отава.
„Јас сум вакциниран, но се противам на тоа луѓето да бидат присилувани на тоа“, изјавил за AFP еден од демонстрантите.
Пораките во смисла „Вратете ни ја слободата“ и „Принудата не е согласност“ може да се забележат на возилата. Протестот е мирен, а полицијата објави дека нема апсења или поголеми инциденти.
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјави дека нема намера да разговара со лицата кои учествуваат на протестите. Истакна дека повеќето граѓани на Нов Зеланд ја продджале владината програма за вакцинирање против Covid-19.
„Вакцинирани се 96 отсто од Новозеланѓани, што ни овозможува денес да живееме со помалку ограничувања благодарејќи на пружената заштита“, рече премиерката Ардерн за националното радио.
На Нов Зеланд вакцинирањето против Covid-19 е задолжително за лицата коишто работат во секторите како здравство, полицијата, образованието и одбраната.
Потврдата за вакцинираност е потребна за влез во ресторани и за учество и следење спортски настани или за верски обреди. Не е задолжителна за користење на јавниот сообраќај, влегување во продавцнии, училишта и простапот до здравствени услуги.
Канада
Конвојот од камиони и кампери во Велингтон, инаку, е организаран по примерот на протестот во канадската престолнина Отава која веќе 11-ти ден е блокирана до ткн „Конвој на слободата“.
Движењето започна како отпор против задолжителното вакцинирање за возачите на камиони кои ја минуваат границата, а прерасна во протесно собирање против сторигите епидемиолошки мерки и сеопшто против политиките на премиерот Џастин Трудо.
„Тоа мора да престане. Ова е приказна за земјата која мина низ пандемијата така што беше обединета, а грст луѓе кои викаат и ја веат свастиката не дефинираат кои се Канаѓаните“, изјави Трудо во понеделникот на вонредната дискусиија во парламентот откако една седмица мина во изолација поради зараза со коронавирусот, но не остана на седмица да одговара на пратеничките прашања.
Канадскиот премиер Џастин Трудо, со семејството, се пренесени на тајна локација поради безбедносни причини, а конзервативците го сметаат за главен виновник за поделбите во земјата.
„Кога премиерот ќе престане да се крие, ќе се појави пред Канаѓаните, ќе покаже малку водство и да го поправи нередот кој го создаде?“, праша во парламентот во понеделникот привремената кидерка на Конзервативната партија, Кендис Берген, која и самата ги поддржа протестите.
Пвеќедневните протести во Отава се главно мирни, но жителите од центарот на градот се побунија поради звукот на сирените и зачестеното трубење, па судот донесе привремена забрана за трубење во центарот на главниот град, додека полицијата заплени илјадници литри гориво за да ги запре протестите.
Градоначалникот на Отава, Џим Барсон во понеделникот повторно побара во Отава да се испратат дополнителни 1.800 полицајци, а и началникот на полицијата Питер Слолу изјави дека „мораме да ги запреме овие демонстраци, но не можеме тоа да го сториме самите“. Во текот на викендот тој предупреди дека демонстрантите се далеку побројни отколку полицајците кои му стојат на располагање.