Демохристијанската Унија на Христијанско-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината сестринска баварска Христијанско-социјална унија (CSU) е подготвена за подготвителните разговори за составување на коалициска влада со Социјалдемократската партија на Германија (SPD) , додека социјалдемократите за тоа ќе одлучат по состанокот на нивното претседателство во петокот, соопштено е во средата навечер во Берлин по двочасовниот разговор на водечките членови на двете конзервативни партии.
„Претставниците на CDU и на CSU јасно порача дека сакаат да започнат подготвителни преговори со SPD на коишто би се испитало дали постојат заеднички основи за составување една стабилна влада“, соопшти Унијата CDU/CSU по првите разговори со врвот на SPD за евентуално формирање на ткн влада на голеам коалиција, што би претставувало всушност продолжување на владејачката коалиција пред парламентарните избори на крајот од септември.
И двете страни порачаа дека разговорите минале во „отворен и тон на доверба“.
На средбата демохристијанската страна ја претставувале канцеларката и претседателка на CDU, Ангела Меркел, претседателот на CSU, Хорст Зехофер, претседателот на пратеничкиот клуб на Унијата, Волкер Каудер и предводникот на CSU во Буднестагот, Александер Донриндт. Делегацијата на SPD се состоела од шефот на партијата Мартн Шулц, и претседателката на пратеничката група на социјалдемократите, Андеа Нахлес.
На минатонеделниот конгрес социјалдемократите одлучија да започнат преговори со конзервативците за продолжување на соработката при што тие го оставаат отворено прашањето за крајниот исход од преговорите. За SPD, освен за продолжувањето на ткн голема коалиција, можна е и малцинска влада којашто ќе ја предводи Унијата CDU/CSUч. На оваа опција, пак, жестоко се противи Меркел којашто сака стабилна влада.
Како тематски целини во коишто Унијата и SPD се разијдуваа изминатите денови се наведените реформи на здравствениот систем и дозволата на имигрантите во Германија да им се овозможи да ги доведат членовите на своите семејства за што се залагаат социјалдемократите, а се противат демохристијаните.
SPD, најстарата германска политичка партија на сегашната политичка сцена, по историски најслабиот изборен резултат од 20,5 отсто во септември, најлошиот од 1933 година, веќе во изборната вечер ја исклучија можноста да ја продолжат коалицијата со Унијата CDU/CSU, тврдејќи дека со гласањето „избирачите тоа го отфрлиле“.
Меѓутоа, по пропаѓањето на обидот да се формира ткн Јамајка коалиција, меѓу конзервативците, либералите и зелените, и на притисокот од претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнамер, кој и самиот е социјалдемократ кој сака да се избегнат вонредните парламентарни избори поради јакнење на крајната десница, SPD сепак се согласија на преговори со CDU и CSU.