Конзервативците собрале потписи за недоверба на Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј ги отфрли шпекулациите дека може да биде соборена од премиерската функција поради нејзиниот договор за Брегзит, јави Би-Би-Си.

„Ќе го пребродам тоа“, посочи таа.

И покрај неколкуте оставки на министри во британската Влада и се погласните шпекулации за гласање недоверба, Меј вети дека ќе го потпише договорот во Брисел и ќе го достави пред пратениците.

Курсот што го поставив е вистинскиот за нашата земја, рече Меј

Во меѓувреме, основачот и уредник на сајтот БрегзитЦентрал, Џонатан Исабеј на Твитер напиша дека конзервативците собрале доволно потписи за гласање надеверба на Меј како лидерка на партијата.