Координативното тело за превенција од коронавирусот предложи да се затворат дел од хотелите

Затворање на хотелите кои можат тоа да го сторат во период од два месеца , а во другите да се обезбедат апарати за мерење температура и средства за дезинфекција, привремено ослободување од приоднесе за вработените во траење од шест месеци како и олеснувања околу кредитнител инии во туристичкиот сектор за да се намали ударот од последиците од коронавирусот во туризмот и угостителството, побараа, се дел од заклучоците кои денеска ги донесе Kоординативното тело формирано за превенција од последиците на новиот COVID-19 вирус во туризмот.

Координативното тело препорача и :

  • Формирање на фонд за ублажување на штетите како резултат на новиот COVID-19 во туристичкиот сектор, обезбеден со пренамена на средствата од програмата на АППТ и Министерството за економија – сектор туризам.
  • Да се обезбеди увид во договорните услови со нискобуџетните авиокомпании и останатите авиопревозници, во однос на обештетување на домашниот туристички сектор.
  • Дополнување на програмите на АППТ и Министерството за економија – сектор туризам за интервенирање при ублажување на последиците од новиот COVID-19 вирус во туристичкиот сектор.
  • Да се стават во мирување побарувањата на ЗАМП во наредните 6 месеци во туристичкиот сектор и угостителството.
  • Дополнување на програмата на Министерството за економија – сектор туризам со обезбедување дополнителни средства и категории на граѓани, односно, стари лица, пензионери и лица со ниски приходи.
  • Прифаќање на предлогот за реформи, измени и дополнување на Законот за туристичка дејност во делот осигурување, со што би се избегнале и ублажиле одредени негативни последици.