![kopa amerika](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/kopa-amerika.jpg?resize=296%2C170&ssl=1)
Фудбалските репрезентации на Австралија и на Катар нема да настапат на овогодишното издание на Копа Америка, потврди денеска официјално Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ).
Копа Америка, најстарото континентално фудбалско натпреварување во светот што за првпат се одржа во 1916 година, годинава ќе го има своето 47. издание, откако лани беше презакажано поради пандемијата на коронавирус.
Покрај десетте јужноамерикански репрезентации, годинава на Копа Америка требаше да настапат и Австралија и Катар, но двете репрезентации го откажаа учеството поради пандемијата на Ковид-19.
Како што е веќе традиционално, ние повикавме репрезентации од други конфедерации. Меѓутоа, пандемијата спречи учество на други држави, соопшти КОНМЕБОЛ.
Во минатото на Копа настапуваа Мексико, САД, Јапонија и многу други репрезентации надвор од Јужна Америка, а годинава КОНМЕБОЛ на крајот се откажа од идејата да повика други репрезентации како замена по двете откажувања.
Копа Америка, која годинава за првпат во историја ќе се одржи во две држави, ќе го отворат Аргентина и Чиле, 11 јуни на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес
Во групата што ќе се игра во Колумбија, покрај домаќинот, се и репрезентациите на Бразил, Венецуела, Еквадор и Перу. Во другата група се домаќинот Аргентина, Чиле, Парагвај, Уругвај и Боливија.