Шпанскиот фудбалски третолигаш Алкојано е запрен во осминафиналето на националниот Копа дел Реј (Куп на кралот), а во четвртфиналето во четвртокот вечерта се пласираше Алтетик Билбао кој славеше со 2:1 на гостувањето во Алкоја.
Екипата којашто во шеснаесетфиналето сензационално го елиминираше великанот Реал Мадрид, беше на прагот на уште едно изненадување откако Пабло Карбонели во 39 минута го постигна водечкиот погодок за Алкојано.
Но со головите во вториот дел, на Асер Вилјалибре во 53 и Инаки Вилијамс во 78 минута, Атлетик избори пласман во четвртфиналето.
Во претходно одиграниот дуел Гранада со убедливи 6:0 го надигра третолигашот Навалкарнеро.
Жребот на четвртфиналните двојки е во петок, а покрај Атлетик и Гранада ќе учествуваат и Барселона, Виљареал, Севилја, Леванте, Бетис и Алмерија.