Копии на „Шарли ебдо“ се пепродаваат и по 600 долари

Копии од најновото издание на „Шарли ебдо“ вчера беа понудени и за повеќе од 700 долари на И беј, пишува Си Ен Ен.

Некои од понудувачите се обидоа да ќарат од големата побарувачка за последниот број на сатиричниот француски неделник.

На И беј се појавија околу 20 понудувачи, а цените за копиите од „Шарли ебдо“ се движат од 60 до 759 долари.

Официјалната цена на весникот е 3 евра или 3, 50 долари.

Досега дел од понудените копии биле продадени по цена од 600 долари.

За потсетување, последниот број на сатиричниот неделник беше објавен вчера во тираж од 5 милиони примероци, кои беа распродадени за само неколку минути.