Корбико: Сорос и Стејт Департментот ја дестабилизираа Македонија, а вината ја префрлаат на Русија

Република Македонија беше парализирана со продолжена политичка криза која што почна кога американските разузнавачки агенции тајно снимаа илјадници фигури од политичкото и граѓанско општество во земјата и ги протекоа лентите на тогашната опозиција, во обид лажно да се имплицира поранешниот премиер Никола Груевски за нелегално и неетичко прислушување, вели рускиот новинар и аналитичар Андреј Корибко во својата последна емисија на радио Спутник.

Корибко потсетува дека крајната цел на сето ова е стопирање на руските и кинески мегапроекти за Балканот што транзитираат низ Македонија и распарчување на земјата со цел да се направи неатрактивна за овие инвестиции.

Во извештај подготвен од „Проектот за организиран криминал и корупција”, финансиран од Сорос и Стејт Департментот, се тврди дека руските дипломати тајно шпионирале и работеле на тоа да се води продолжена пропагандна војна против земјата, заедно со нивните српски сојузници. Организацијата вели дека Русија користи  комбинација од мека моќ, изразена преку словенското и православно заедништво, заедно со енергетска дипломатија за да ја направи Македонија зависна од Москва и да спречи нејзина идна соработка со НАТО. Русија силно се противи на овие неосновани тврдења од извештајот, а руското МНР изјави дека неоснованите обвинувања против Москва за финансирање на македонски медиуми, со цел да се шират дезинформации за руските интереси, доаѓаат од организација која што е главно спонзорирана од американски државни структури и фондацијата на Џорџ Сорос.

Треба да се има предвид дека не беше Русија таа што придонесе за каква било дестабилизација во Македонија, туку Стејт Департментот и Соросовите фондации, истите групи што го финансира извештајот со кој што ја валкаат Русија, нешто што САД го прават со години. Република Македонија беше парализирана со продолжена политичка криза која што почна кога американските разузнавачки агенции тајно снимаа илјадници фигури од политичкото и граѓанско општество во земјата и ги протекоа лентите на тогашната опозиција, во обид лажно да се имплицира поранешниот премиер Никола Груевски за нелегално и неетичко прислушување.  Потоа, соросовите невладини организации организираа две неуспешни обоени револуции во обидот да го соборат, но на крајот, како последица на продолжените американски дипломатски напори, дојде до постепена промена на режимот во земјата и инсталација на лидерот на СДСМ, Зоран Заев како премиер, вели Корбико.

Тој додава дека мандатот на новиот лидер е одбележан со легитимните стравувања дека тој ќе ја проследи т.н. Тиранска платформа за внатрешна поделба на земјата меѓу Македонците и Албанците под маската на федерализација. Руските и српските медиуми предупредуваат за овој заговор со години, дури и пред да биде официјално откриен во албанскиот главен град минатиот декември, а сега кога е на власт, Заев и неговите албански и американски поддржувачи сакаат да се одмаздат на поддржувачите на Македонија во странство и затоа се борат да го изгорат секој мост што можат со Србија и Русија.

Овој лажен извештај е ништо повеќе од алатка за информациска војна , создаден за таа цел, но и за да нахрани произведениот западен наратив дека постои Руска закана на Балканот што може да биде пресретната само со проширување на НАТО. Грција стои на патот на македонското вклучување во блокот од 2008 ма поради прашањето за името, па оваа провокација е дизајнирана и за да стави притисок врз Атина да се откаже од своите барања и да му дозволи на северниот сосед да биде апсорбиран во НАТО, објаснува тој.

Според Корбико, плановите на САД за внатрешно распарчување на Република Македонија и инкорпорирање во НАТО се дизајнирани за да го пресретнат стратегискиот ризик oд балканските мега проекти на Русија и Кина кои што треба да транзитираат низ земјата и со тоа да ја направи неатрактивна инвестиција за овие две мултиполарни големи сили.