Од ЕВН Македонија АД известуваат дека во четврток (14.09.2017) без електрична енергија ќе останат корисниците од следните адреси во неколку скопски општини
Од 08,30 до 16,00 часот, корисниците од улиците „Виктор Иго“, „Мишко Михајловски“, улицата 456, Основното училиште „Д-р Златан Сремац““, делови од други улици во нивната близина, корисниците од улица „Емил Зола“ и од улица „Киро Крстевски“, општина Кисела Вода;
Од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од кањон Матка – хотелот, црквата и изложбениот центар на ЕВН, во општина Сарај;
Од 09.00 до 11.00 часот, без електрично снабдување ќе останат корисниците од улица „Ениџе Вардарско“ во општина Кисела Вода;
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците: 1, 6 и 7 во село Батинци, општина Студеничани;
Во време од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Семениште, во општина Сарај;
Во периодот од 12.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улиците „Борка Талески“, „Христо Смирненски“ и дел од улицат „9 Мај“ во општина Центар.