
Жител на кочанското село Оризари набавил фалсификувани пари во вредност од 4000 евра. Парите ги набавил од Бугарија во средината на мај, а потоа една банкнота од 100 евра му дал на еден човек од Виница. Виничанецот со банкнотата во село Горни Полог сакал да купи храна. Полицијата ги пронашла банкнотите кај 32-годишниот жител на село Оризари и поднела кривична пријава.