Новиот коронавирус најсилно ги напаѓа срцето и белите дробови, особено ако пациентите добиваат тежок облик на симптоми Ковид-19, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.
– Можеме да видиме дека на оние кои прележуваат корона инфекција, особено во нејзината тешка форма, секако им е потребна рехабилитација. Најранливите органи и системи се белите дробови. Друг важен проблем што исто така бара медицинска помош се проблеми со срцето, особено миокардитис“, истакна министерот.
Мурашко, исто така, истакна дека не се препорачуваат напорни физички активности поради сериозно исцрпување.
– Болеста што е прележана не овозможува обновување на функционалноста и капацитетот на белите дробови – додаде тој.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко изјави и дека вакцинацијата во Русија е на доброволна основа, но дека за време на пандемијата на корона вирусот се зголемил бројот на приврзаници за вакцинација.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко
„Кај нас вакцинацијата во секој случај е исклучиво со согласност на самиот граѓанин, но интересот за вакцината е доста голем. Луѓето ја сфатија важноста на вакцинацијата и за време на пандемијата се зголеми бројот на луѓе кои сакаат да се вакцинираат“, рече Мурашко за ТВ „Русија 1“.
Според него, 17-те вакцини на кои се работи, имаат добра перспектива и работниот процес е интензивен.
Мурашко објасни дека кај сите луѓе кои го прележале вирусот, па дури и оние кои немале симптоми, развиваат имунитет, но не сите со иста сила. Кај оние кои прележале потешка форма на вирусот, имунитетот е посилен, додека кај оние кои немале симптоми, тој е послаб.
Извор: rtv.rs/sputniknews.com
Фото: rg.ru