Короната сотре дури 41 живот, повеќе од 1.000 новозаразени, ама за Филипче најстрашното помина

Рекорден 41 смртен исход како последица од компликациите предизвикани од зараза со новиот коронавирус се потврдени во последното деноноќие во Македонија, а од 3.127 тестирани примероци, инфекцијата со коронавирусот е потвредена кај уште 1.022 лица, или третина од спроведените тестови, според податоците кои ги објави министерството за здравство во саботата вечерта за пресекот во последните 24 часа.

Станува збор за значително повисок показател на починати од претходниот ден, кога беа потврени 28 смртни исходии, а во петокот со 3.084 тестирања беа регистрирани 1.093 заразени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 60.723, бројката на оздравени пациенти е 37.505, на починати е 1.699, а бројот на активни случаи изнесува 21.519.

Од вкупно 41-от смртен исход предизвикан од Covid-19 е потврден вон болнички услови

Најмногу починати има од Скопје – 17, а следат Охрид и Гостивар со по четири смртни исходи, три се потврдени во Струмица и по два во Прилеп и Велес. Најмладата жртва на заразата е 31-годишно лице од Скопје, а највозрасна 98-годишен пациент, исто така, од главниот град.

Или според табеларниот прилог на министерството во кој е дадена и возраста на починатите: Починати се 41 лице, се седумнаесет пациенти од Скопје (82, 80, 69, 55, 55, 60, 69, 81, 64, 84, 78, 55, 80, 31, 98, 80 и 49г), двајца од Прилеп (56 и 71г), двајца од Велес (76 и 58г), тројца пациенти од Битола (75, 60 и 77г ), четири од Охрид (60, 74, 72 и 66г), еден пациент од Кавадарци (67г), четири од Гостивар (72, 91, 56 и 54г), тројца од Струмица (78, 63 и 70г), еден од Радовиш (67г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (85г), еден од Валандово (75г) и еден пациент од Кичево (66г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Според локацијата, распоредот на новите дијагностицирани лциа со Covid-19 e следната: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод -5, Пехчево-1, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-36, Ресен-6, Неготино-27.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 26602, активни 10382
• Куманово 3686, активни 933
• Дебар 460, активни 95
• Штип 2622, активни 550
• Прилеп 2969, активни 1073
• Тетово 3770, активни 949
• Струга 1412, активни 448
• Велес 1943, активни 726
• Битола 1980, активни 851
• Охрид 1571, активни 628
• Кавадарци 1213, активни 479
• Гостивар 2479, активни 939
• Гевгелија 712, активни 227 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 129 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1680, активни 592
• Крива Паланка 423, активни 120
• Радовиш 421, активни 114
• Крушево 130, активни 76
• Кочани 1227, активни 287
• Пробиштип 354, активни 83
• Демир Хисар 197, активни 87
• Македонски Брод 168, активни 49
• Пехчево 97, активни 23
• Берово 347, активни 84
• Валандово 206, активни 66
• Виница 367, активни 158
• Делчево 439, активни 191 (123 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 152, активни 57
• Свети Николе 821, активни 228
• Кичево 1254, активни 516
• Ресен 458, активни 198
• Неготино 563, активни 310 (67 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)