Коронавирус: Губењето на сетилото за мирис е различно отколку кога сте настинати

Губењето на сетилото за мирис е еден од симптомите на корона вирусот, но се разликува од тоа кога некој лошо настинува или се разболува од грип, велат европските експерти кои ги проучувале искуствата на пациентите, пишува БиБиСи.

Губење на сетилото за мирис кај пациенти со Ковид-19 се случува одеднаш. Обично носот не е затнат или тече – повеќето луѓе кои имаат корона вирус сè уште можат да дишат слободно.

Друг симптом е губење на чувството за вкус.

Не е како кога сетилото за вкус е намалено затоа што пациентот нема чувство за мирис, велат истражувачите за списанието „Рајнолоџи“. Пациентите со коронавирус кои го имаат овој симптом не можат да почувствуваат разлика помеѓу горчливо и слатко.

Експертите се сомневаат дека ова се случува затоа што вирусот ги напаѓа нервните клетки кои се директно поврзани со чувството за мирис и вкус.

Главните симптоми на коронавирус се:

висока температура

континуирана кашлица

губење на чувството за мирис и вкус

Секој со овие симптоми треба да се повлече во изолација и да се тестира за коронавирус. Членовите на семејството кои живеат со лице кое ги има овие симптоми, исто така, треба да бидат изолирани, така што вирусот нема да се шири.

Водачот на истражувањето, професорот Карл Филпот од Универзитетот во Источна Англија, го тестираше сетилото за вкус и мирис кај 30 волонтери: 10 пациенти со Ковид-19, ист број на оние кои имле силна настинка и десет здрави луѓе.

Губењето на сетилото за мирис било почесто кај пациентите со Ковид-19. Тие не можеле да разликуваат мириси и не можат да разликуваат горчлив и сладок вкус.

-Се чини дека овие карактеристики се разликуваат од вирусот на корона од другите респираторни вируси, вели професорот Филпот, кој работи за хуманитарната организација Петто сетило, основана за да им помага на луѓето со нарушувања на вкусот и мирисот.

Ова е возбудлив заклучок, бидејќи тоа значи дека со тестирање на сетилата за вкус и мирис, може да биде можно да се утврди дали пациентот има Ковид-19 или обична настинка или грип.

Тој рече дека луѓето можат сами да се тестираат дали функционира чувството за вкус и мирис, со употреба на кафе, лук, портокали или лимон и шеќер.

Сепак, додава тој, потребни се дијагностички тестови на грлото и носот, ако некој мисли дека има вирус на корона.

-Чувството на вкус и мирис се враќа по неколку недели кај повеќето луѓе кои биле заразени со вирусот корона, вели тој.

Професорот Ендру Лејн е експерт за проблеми со носот и синусите на Универзитетот Џон Хопкинс во Америка.

Тој и неговиот тим проучуваат примероци од назални ткива за да испитаат како вирусот корона влијае на губење на мирисот и ги објавија своите откритија во Европскиот весник за респираторниот систем

Откриле присуство на високи нивоа на ензими во делот од носот што е одговорен за да можеме да мирисаме.

Овој ензим, наречен ACE-2 (ангиотензин-конвертирачки ензим II), се смета дека е почетна точка за влегување на коронавирусот во клетките на телото и предизвикување инфекција.

Носот е едно од местата каде што САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува Ковид-19, влегува во телото. Професор Лејн вели дека се спроведуваат лабораториски експерименти за да се утврди дали вирусот навистина ги користи овие клетки за да влезе во телото и да го зарази.

-Ако е така, можеби ќе можеме да се избориме со инфекцијата со антивирусни терапии дадени директно преку носот, тврди професорот.