Големата листа коронавируси кои инфицираат 36 видови на африканските лилјаци, покажува дека тие ги заразуваат овие животни со милиони години, се наведува во студијата објавена во научниот магазин Scientific Reports.
„Откривме дека коронавирусите и лилјаците имаат долга историја на заедничка еволуција. Сфаќањето на тоа како таа се одвивала ќе ни момогне да го подготвиме јавниот здравствен систем за нови потенцијални појави на коронавирусни инфекции предизвикани од животни“, се наведува во соопштението на еден од авторите на истражувањето, Стивен Гудмен, биолот од Музејот за природнонаучна историја во Филдс.
Според научниците, вирусот SARS-CoV-2, која ја предизвика актуелната глобална пандемија на заболувањето Covid-19, е близок роднина на коронавирусите кои заразуваат еден сој на лилјаците. Тие лилјаци живеат во Кина, во земјите на Југоисточна Азија и во Африка.
Како што покажува историјата од минатиот половина век, крилестите цицачи биле извор и на многу други опасни вируси кои предизвикуваат смртоносни болести, вклучително на еболата и на блискоисточниот респираторен синдром SARS.
Откако дознале колку често ваквите патогени се наоѓаат во крвта и другите биолошки течности кај лилјаците кои живеат на Мадагаскар, на островите во Индискиот Океан и во Африка, Гудмен и неговите колеги откриле дека коронавирусите коегзистираат со лилјаците во текот на речици целата историја на нивната еволуција.
Севкупно, научниците добиле слични податоци од повеќе илјади лилјаци од различни региони на Мозамбик, Сејшелите, Маурициус, Реунион и неколку архипелази во Индинскиот Океан. Повеќе од 8 отсто од лилјаците и другите подвидови од истиот сој биле носители на различни видови коронавируси.
Проучувајќи ја структурата на нивните геноми, биолозите откриле дека секој вид, род и семејство на лилјаците соодветствувал на сопствената разновидност на патогени. Тие не биле слични на другите видови коронавируси кои го заразуваат остатокот од авфиканските и островските лилјаци. Како што покажале научните набљудувања, вирусите многу рекот се пренесуваат меѓу различните видови лилјаци, дури и кога различните видови живееле во исти пештери.
Со оглед на тоа што многу претставници на овие родови и семејства се разделени со милиони и десетици милиони години самостојна еволуција, тоа значи дека коронавирусите почнале да влијаат врз лилјаците во далечното минато. Оттогаш тие еволуирале задно со своите носители, прилагодувајќи се на промените во биологијата на секој вид и подвид од семејството лилјаци.
Овој фактор, сметаат биолозите, треба да се земе предвид во потрагата по можниот предок на коронавирусот SARS-CoV-2, како и при процената на веројатноста за следни слични епидемии предизвикани од болести кај лилјаците.