Група европски научници објавија дека првпат докажале оти коронавирусот го напаѓа човековиот систем за одговор на стресот, слабеејќи ја реакцијата на надбубрежбните жлезди на коронавирусната болест Covid-19, се наведува во студијата објавена во ноември во списанието The Lancet Diabetes and Endocrinology
Истражувањето што го спровела група научници од Лондон, Регенсбург, Цирих и Дрезден покажало дека коронавирусот ги напаѓа надбубрежните жлезди, со тоа слабеејќи ја способноста на организамот да ги произведе хормоните на стресот кортизол и адреналин кои се потребни во справувањето со тешките инфекции.
Дел од одбранбениот систем на човековиот организам, односно овие жлезди се непходни за опстанок во стресни ситуации, а особено кога станува збор за заразите со коронавирусот, тврдат научниците.
„Резултатот на нашето најново истражување сега првпат покажува дека вирусот во значителна мера директно го погаѓа човековиот систем за одговор на стресот“, наведува Штефан Бронштејн, директот на Центарот за интерна медицина при Универзитетската болница во Дрезден.
„Дали тие промени придонесуваат директно за инсуфицијенцијата на надбубрежбните жлезди или за долг Covid-19 сѐ уште не е познато. Тоа треба да се истражи“, додава Борнштејн.
Потсетувајќи дека рецентните истражувања покажуваат дека земањето стероиди го спречува влошувањето на текот на болеста кај пациентите заболени од Covid-19, научниците веруваат дека некои лекови можат да помогнат да се ублажат ваквите последици од коронавирусот.
„Таквите докази ја нагласуваат потенцијално важната улога на адреналните стероиди во борбата против Covid-19“, наведуваат научниците од Универзитетот во Цирих.
Научниците ги анализирале податоците собрани од 40 пациенти во Дрезден кои починале од Covid-19 и откриле дека патохистолошката анализа на примероци од ткивото покажала јасни знаци на воспалените на надбубрежните жлезди.