Коронавирусот го тресе и Лестер Сити

По Тотенхем, уште еден англиски премиерлигаш е зафатен со епидемија од коронавирусот откако такви случаи пријави Лестер Сити.

Седум играчи на Лестер Сити не отпатувале во Италија на наптреварот во рамките на Европската лига против Наполи во четвртокот поради Covid-19 или друга болест, изјави менаџерот Брендон Роџерс.

„Имавме неколку позитивни (на коронавирусот) случаи, некои главно не се чувстуваат добро, така што не ризикувавме“, изјави Роџерс за новинарите во средата.

Во пресрет на последното коло Лестер Сити води во групата со осум бодови, Спартак Москва и Наполи имаат по седум бодови, а варшавска Легија шест бодови. Така, во оваа група сите тимови имаат шанса да продолжат натами и до првото место, освен Легија која не може да биде прва.

Лестер е единствениот кој сигурно има обезбедена „европска пролет“, барем Конференциската лига, а другите во четврток можат да ја завршат европската приказна оваа сезона.

Претходно и лондонски Тотенхем дека се зголемува бројот на заразените со коронавирусот во редовите на англискиот премирлигаш Тотенхем, поради што во прашање е доведен натпреварот против француски Рен во последното коло од Конференциската лига кој е закажан за четврток во Лондон. Во моментов во редовите на Тотенхем позитивни на Covid-19 се позитивни осум играчи и пет членови на управата на клубот.