Коронавирусот не е развиен како биолошко оружје, според разузнавањето на САД

Канцеларијата на директорот на американската Национална разунавачка служба (ODNI) објави во петокот нова процена на американската разузнавачка заедница, од којашто е отстранета ознаката за доверливост, за потеклото на новиот коронависур SARS-CoV-2, а во извештајот се проценува дека вирусот не е развиен како биолошко оружје.

„Природното потекло и истекувањето од лаборатори се уверливи хипотези за тоа како коронавирусот првпат ги заразил луѓето, но аналитичарите не успеваат да се согласат околу тоа што е поверојатно и дали може воопшто да биде донесена конечна процена“, стои во извештајот на ODNI.

Во извештајот, исто така, се отфрла сугестијата дека коронавирусот настанал како биолошко оружје и во него стои дека застапниците на оваа теорија „немаат директен пристап до Институтот за вирологија во Вухан“, и се обвинети за ширење дезинформации.

Извештајот доаѓа по 90-дневната ревизија која администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја најави во август, во екот на интензивните политички судири околу тоа дали треба да биде обвинета Кина за последиците од пандемијата на коронавирусот и во која мера, или владите кои можеби недоволно брзо реагирале да ги заштитат граѓаните на своите земји.

Во извештајот на ODNI стои дека четири американски разузнавачки агенции и телото коешто ги обединува повеќето такви служби имаат „ниско ниво на уверување“ дека SARS-CoV-2 потекнува од заразено животно или сроден вирус.

Но една од ангенциите, која не е именувана, известила дека има „умерено уверување“ дека првата инфекција на човекот со Covid-19 најверојатно е резултат на инцидент во лабораторија, кој веројатно вклучувал експериментирање на животни во Институтот за вирологија во Вухан (WIV).

„Еден од елементите на разузнавачката заедница со среден степен на увереност смета дека Covid-19 најверојатно е резултат на инцидент во лабораторија во која учествувале истражувачи од Вуханскиот институт за вирологија или други истражувачи“, се вели во извештајот.

Во документот не се споменува која од специјалните агенции станува збор. Американската разузнавачка заедница, која ја обединува ODNI, вклучува 18 агенции, меѓу кои се Централната разузнавачка агенција (CIA), Агенцијата за национална безбедност (NSA) и Федералното биро за истраги (FBI) коешто дејстува и како контраразузавање, специјалните оддели на Стејт департментот, на Пентагон, на Министерството за финансии, на Министерството за енергетика и други служби.

Американските разузнавачки агенци веруваат дека нема да можат да дадат попрецизни објаснувања за потеклото на вирусот и коронавирисната болест Covid-19, без нови информации коишто укажуваат дека вирусот минал специфичен пат од животните до луѓето или дека во лабораторијата во Вухан се работело на SARS-CoV-2 или на сроден вирус пред да настанала болеста Covid-19.

Во извештајот се наведува дека на американските агенции и на глобалната научна заедница им недостасуваат „клинички примероци или целосно разбирање на епидемиолошките податоци од најраните случаи на Covid-19“, како и дека би можело повторно да се разгледа овој колеблив извештај доколу се појават повеќе докази.