![инфективна](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/infektivna.jpg?resize=696%2C470&ssl=1)
Според неофицијални информации до кои дојде Нетпрес, денеска се регистрирани над 170 новозаболени од Ковид 19, а над 90 случаи се од Скопје.
Вчерашната статистика беше рекордни 196 нови случаи и осум лица починати.
И покрај овие бројќи, СДСМ и Зоран Заев не се откажуваат од избори на 5 јули.
Вкупната официјална бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата до вчера изнесуваше 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.