Коронавирусот се појави во сиропиталиште во Белорусија

Медицински персонал во заштитна опрема во Минск

Неколку лица се позитивни на коронавирусот во сиропиталиште со 170 деца со пречки во развојот во Белорусија, објавија локалните власти без да го откриваат точниот број на заразените.

Откако е откриени деја е заразен вработен во сиропиталиштеот во регионот Могилев, тестирани се сите вработени и децата.

„Некои беа позитивни. Во овој момент повеќето од нив немаат симптоми на болеста“, соопштија локалните власти во петокот.

Белорускиот претседател Алекснадр Лукашенко ги опиша стравувањата од коронавирусот како „психоза“. Не ги затвори границите, ниту воведе строги мерки за ограничување на движењето или карантин во земјата.

До петокот во земјата со околу 9,5 милиони население, заразени се 8.773 луѓе, од кои 396 во источниот регион Могилев. Вкупно во Белорусија од Covid-19 се починати 63 лица.

Сиропиталиштетот кое се наоѓа 18 километри од регионалниот административен центар Глуск, се грижи за деца со попреченост во развојот. Повеќето од нив потекнуваат од сиромашни семејства кои не можат да им пружат соодветена нега или се напуштени.

За да го спречат натамошното ширење на коронавирусот, вработените почнале да работат во смени, запрени се контактите меѓу различните групи деца, а посетите се забранети.

Училиштата во Белорусија ќе бидат отворени од понеделник, по трите седмици пролетен распуст и празници.