Коронавирусот веројатно ќе остави траен отпечаток на светската економија и ќе донесе трајни промени, но и важни поуки, оценува CNN.
Многу економии усвоиле верзии на скратена работа во текот на пандемијата. Благодарение на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата компензира со помали плати.
Работата на далечина ќе стане почеста, а има докази дека работата од дома е подеднакво продуктивна како и работата во канцеларија.
Кризата предизвикана од пандемијата го забрзала темпото на дигитална трансформација со понатамошна експанзија на е-трговијата и побрзо усвојување на телемедицината, видео-конференциите и онлајн-учењето, се наведува во текстот.
Од друга страна, компаниите во меѓународниот ланец на снабдување наидуваат на потешкотии. Веројатно многу од нив ќе ја променат локацијата на своето производство, а тој тренд нема да создаде нови работни места, туку поголем дел од производството ќе биде автоматизирано. Јавниот долг, како што се наведува, ќе “се надува”, и ќе создаде финансиски проблеми ширум светот.
Најважна поука која може да извлече од пандемијата е значењето на заедничката работа во решавање на проблемите кои го погодуваат целото човештво, се наведува текстот и се заклучува дека светот е многу посилен кога е обединет.