Новиот коронавирус влезе во најголемиот бегалски камп во светот, Кокс базар во Бангладеш, откако заболе еден Рохинџи бегалец од Мјанмар.
Инфицираното лице е ставено во изолација, а уште 1.900 бегалци се изолирани во очекување да бидат тестирани, јави Би Би Си.
Рохинџи бегалците од Мјанмар се наоѓаат во карантин во Кокс базар од 14 март.
Хуманитарните агенции со недели предупредуваат на можноста за инфекција кај Рохинџи бегалците кои живеат во пренатрупани кампови и во лоши услови, со ограничен пристап до чиста вода.
– Сега вирусот влезе во најголемиот камп за бегалци во светот и многу е можно илјадници луѓе да умрат од Ковид-19, рече д-р Самим Јахан, директор на организацијата Да ги спасиме децата во
Бангладеш.