Во болниците во Никшиќ нема веќе слободни места. Сите кревети се исполнети со пациенти заразени со Ковид 19.
Црна Гора во последните десетина дена бележи рапиден раст на заразени од корона вирус, на дневна основа повеќе од 90 проценти, а некаде и 100 насто во однос на претходниот период кога оваа приморска земја се прогласи за корона оаза.
Подгорички вијести пишуваат дека во Никшиќ има 445 активни случаи, а најмладиот пациент е бебе од 20 дена.
Во Црна Гора има 2.246 активни случаи на Ковид 19, а од почетокот на пандемијата починаа 123 луѓе
Корона кризата букна по протестните поворки, по парламентарните избори и по отворањето на границите за туристите.
Србија воведе нови мерки за сите што патуваат во Црна Гора.
Ги повика своите граѓани да се вратат до петок, во спротивно ќе се соочат со мерки на самоизолација.