Коронавирусот во фокусот на потпретседателскиот дуел на Пенс и Харис

Телевизиското соочување меѓу кандидатите за потпретседател на САД, републиканецот Мајк Пенс и демократката Камала Харис го одбележа помал број упаѓања и реплики отколку во текот на претседателоскиот дуел меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, а акцентот беше ставен на пандемијата на коронавирусот, кое стана главното прашање во изборната кампања.

Претседателската телевизиска дебата беше ианку одбележана со постојани упаѓања во репликите на соговорникот, а личните напади спречија да се добие увид во тоа како кандидатите мислат да се соочат со главните проблеми на Американците. Според оцените на медиумите, синоќешната дебата ја одбележаа помал број упаѓања, но Пенс и Харис всушност ја преземале улогата на портпароли на претседателските кандидати Трамп и Бајден.

Дебатата се одржа во Солт Лејк Сити, во сојузната држава Јута, а Пенс и Харис беа меѓусебно оддалечени на повеќе од три метра и одвоени со плексиглас. Соочувањето започна со пандемијата на коронавирусот, од која во светски рамки најпогодени се САД.

Пенс го бранеше одговорот на Трамп на оваа здравствена криза, и рече дека „Трамп веднаш на првото место го ставил здравјето на Американците“ со тоа што ги забранил патувањата во Кина. Харис, пак, смета дека одлуките на Трамп се „најголемиот неуспех на некоја претседателска администрација во историјата на земјата што го потврдуваат 210.000 мртви Американци“. „Ја минимизираа сериозноста од коронавирусот“, рече Харис и додаде дека „и натаму немаат план“. Притоа, демократската ја критикуваше администрацијата на Трамп за настојувањата да го укине здраственото осигурување кое го донесе претходниот демократски претседател Барак Обама и да го замени со нов систем, што според неа ќе погоди милиони Американци.

Второ круцијално прашање за потпретседателските кандидати беше предлогот на претседателот Трамп на судијката Ејми Кони Барет за место во Врховниот суд пред изборите на 3-ти ноември, што во највисоката судска истанца во САД би создало конзервативно мнозинство, со шест конзервативци и тројца либерали.

„Американскиот народ нека го пополни местото во Балата куќа, па ние во Врховниот суд“, рече Харис. Демократите стравуваат дека судијката барет ќе ја загрози пресудата од 1973 година за легализација на абортусот во целите САД. Харис јасно го поддржа правото на абортус. „Секогаш ќе се борам за тоа жените сами да донесат одлука за своето сопствено тело“, рече сенаторката од Калифорнија.

Пенс директно не одговори како встав ќе има по ова прашање доколку по него повторни се одлучива во сојузната држава Индијата, неговото родно место, но истакна дека се радува на изборот на судијката Барет.

Расизмот и полицската бруталнос, кои повторно излегоа годинава на американската сцена по убиствата на афроамериканците Џорџ Флојд и Бреона Тејлор, исто така беше меѓу наметнатите теми во потпретседателската телевизиска дебата.

Харис рече дека животот на медицинаската сестра Бреон Тејлор е одземен „неправедно, трагично и насилно“ и потсети на протестите ширум земјата поради смррт на Флојд. „Лошите полицајци се лоши за добрите полицајци“, рече поранешната обвинителка Харис.

Таа е политичарка од која се очекува да ги привлече гласовите на афроамериканската зедница, кои се најверните гласачи на Демократската партија. Гласовите на Харис го спасија Бајден во Јужна Каролина во февраури и ќе биде исклучително важна во сојузните држави како Мичиген, Пенсилванија и Висконсин во кои Трамп во 2016 година тесно победи а во кои според анкетите Бајден и сега има занемарлива предност.

Пенс предупреди, пак, дека Бајден и Харис ќе ги вратат САД во Парискиот климатски договор и ќе го уништат стопанството. Го обвини дека сакаат да ги зголемат даноците и да ја поткопаат економијата на земјата со нов „зелен договор“ и порача дека поради тоа милиони Американци ќе останат без работа.