Коронаворусот усмрти 427 луѓе, втор смртен случај надвор од Кина, загрозена светската економија

Новиот сој коронавирус 2019-nCoV усмрти 427 луѓе, и притоа е регистриран вториот смртен случај надвор од континентална Кина – во Хонгконг, Макао ги затвора своите коцкарници, а економистите стравуваат дека е загрозен голобалниот економски раст.

По првиот смртен случај во Хонгконг, бројот на починатите се зголеми на 427, вклучително и мажот кој минатата седмица почина на Филипини по посетата на кинески Вухан, што беше првиот смртен случај од епидемијата регистриран надвор од границите на Кина.

Макао, најголемиот светски коцкарски центар, ги повика сите коцкарници да запрат со работата следните два дена, за да се помогне во сузбивањето на ширењето на вирусот.

Нови случаи на заразата се регистрирани во САД. Пациент од Калифорнија е заразен по близок контакт со лице кое било заразено во Кина. Претходно идентичен случај е забележан и во сојузната држава Илиноис.

„Очекуваме уште случаи на ширење на заразата од човек на човек“, изјави Ненси Месоние, директорка на Националниот центар за контрола и превенција на болестите (CDC) на САД.

Вкупниот број на заразани во Кина порасна за 3.235 и сега ги има вкупно 20.438 луѓе. Гимназиите, галериите и културните комплекси во Вухан стана импровизирани болници со повеќе до 3.400 кревети, објавои весникот Changjiang Daily.

Најмалку 151 заразено лице е регистрирано во 23 други земји во светот.

 

Екстремни мерки

Австралија испрати стотина евакуирани од Вухан во карантин на оддалечен остров во Индискиот Океан.

Јапонија нареди карантин за 3.000 луѓе на туристички крстосувач, откако е откриен коронавирус кај маж од Хонгконг кој пловел со истиот брод минатиот месец.

САД во петокот објавија дека ќе блокираат влегување на сите странци кои биле во Кина изминатите 14 дена, со што им се придружија на Австралија, Синграпур, Нов Зеланд и Виетна, кои се решија на слични рестрикции.

 

Штрајк на здравствените работници во Хонгконг

Стотици здравствени работници во поранешната британска колонија Хонгконг е во втор ден од штрајк настојуваат да ги натераат властите да ја затворат границата со континентална Кина чија автономна покраина е сега.

Азискиот финансиски центар потврдил 15 случаи на коронавирусот. Хонгконг во 2002 година беше погоден со епидемија SARS, кој пристигнал од Кина и усмрти 800 луѓе ширум светот. Во Хонгонг, според податоците на Светската здравствена организација, тогаш починале 299 луѓе.

 

Кина отсечена од светот

Извори од Организацијата на замјите извознички на нафта (OPEC) наведуваат дека произведувачите размислуваат за намалување на производството на нафтата за речиси третина.

Воздухопловните компании ги сопираа летовите кон Кина, но и кинеските компаани сопреа некои линии кон остатокот од светот. Целосното запирање на летовите од Обединетите Арапски Емирати ќе ги погоди компаниите „Etihad“ и „Emirates“.

Некои економските предвидуваат дека светското произвдоство ќе падне за 0,2 до 0,3 процентни поени, поради кризата во Кина. Во понеделникот вредноста на кинеските акции падна за вкупно 400 милијарди американски долари.