Првиот голман на Атлетико (М), Тибо Кортуа, кој е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Челзи, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека веќе има потпишано преддоговор со Реал (М) и дека од 30 јуни 2016 година ќе престојува на „Сантијаго Бернабеу”.
“Нема ништо точно во пласираната информација. Јас не сум разговарал со претседателот на Атлетико (М), Гил Марин, не сум го информирал дека од 2016 година ќе бидам голман на Реал (М). Тоа не е точно, не знам кој ја пласира оваа шпекулација. Сите знаат дека јас сум среќен на ’Винсенте Калдерон’ и дека имам договор со Челзи”, изјави репрезентативецот на Белгија.