Корупција и назадувањето во областа на демократијата и човековите права, потенцира извештајот на ЕК

Корупцијата продолжува да биде еден од најголемите проблеми во Македонија. Во земјата постои сеопфатна стратегија за борба против корупцијата, но заостанува нејзината имплементација. Европската комисија изразува загриженост поради недостатокот на ефикасни мерки за борба против корупцијата и истакнува дека институциите за борба против корупцијата се слаби и неподготвени да се справат со оваа појава.

Ова се вели во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во областа на владеењето на правото, при што се констатира дека минатата влада на СДСМ и ДУИ придонела за создавање на коруптивна клима која ги поткопува владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите.

Извештајот укажува на сериозни недостатоци во областа на владеењето на правото. И покрај усвојувањето на нови закони за судски реформи, многу од овие реформи сè уште не се целосно имплементирани. Недостатокот на независност во судскиот систем и недоволната ефикасност остануваат големи проблеми. Ова е директен резултат на лошото управување и неуспехот на минатата влада на СДСМ и ДУИ да спроведе вистински реформи.

„Северна Македонија имаше неколку реформски бранови во правосудството и усвои нова стратегија во правосудството за да се подобри независноста, ефикасноста и професионалноста. Сепак, независноста на судството и институционалниот капацитет да се заштити од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост. Нивото на утврдената независност на судството е многу ниско“, пишува во извештајот.

Во извештајот се забележува дека Врховниот суд под водство на претседателката Беса Адеми и Судскиот совет презеле мерки за да ја подобрат транспарентноста.

Европската комисија ја истакнува и загриженоста за независното функционирање на Судскиот совет. Исто така, нотира и дека одлуките за именување и судии и обвинители биле критикувани од граѓанското општество поради сомнежи дека не се засновани на објективни критериуми. Дополнително, се наведува и дека најавите на новата влада за распуштање на Судскиот и Советот на обвинители покренуваат сериозна загриженост.

„Понатамошната имплементација на препораките на Оценската мисијата ќе го зајакне интегритетот на Советот и ќе го подобри неговото функционирање. Најавите од новата влада за нејзината намера да ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, покрена сериозна загриженост, бидејќи тоа би ја поткопало независноста на судството“, пишува во Извештајот

Во економскиот дел, Извештајот укажува на многу нерешени прашања кои го забавуваат економскиот развој на земјата. Иако има некој напредок во спроведувањето на структурните реформи, тие се далеку од доволни.

Јавните финансии се слабо управувани, а пазарот на труд сè уште е ограничен со висока стапка на невработеност. Минатата влада на СДСМ и ДУИ не успеала да спроведе ефективни економски политики кои би донеле одржлив економски раст.

Извештајот го истакнува назадувањето во областа на демократијата и човековите права. Слободата на медиумите е под постојан притисок, а граѓанските организации се соочуваат со бројни пречки во нивната работа.

Ова се смета за директна последица на политиките на минатата влада на СДСМ и ДУИ, кои не успеале да создадат услови за вистинска демократија и заштита на човековите права.

Комисијата препорачува итни мерки за подобрување на владеењето на правото, зајакнување на борбата против корупцијата, спроведување на економски реформи и подобрување на состојбата со човековите права.