
„Ценам дека со многу работа и со многу желба, но и со стратегија пред се, можеме да направиме напредок во ова и да го спречиме иселувањето на некој начин”, истакна Драгана Бојковска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Детектор” на Сител.
Таа истакна дека иселување имало и ќе има, меѓутоа овој пат за разлика од порано, Владата има мерки и решенија за да го намали иселувањето на младите.
„Само системски план и системско решение може да допринесе за подобрување на ова поле, а тоа е да го спречиме егзодусот на младите луѓе да заминуваат во некоја од странските држави“, појасни Бојковска.
Пратеничката додаде дека проблемот во иселувањето кај младите е и корупцијата.
„Број 1 проблем кај младите за живеењето во Македонија секој пат била корупцијата и мораме да најдеме сите заедно начин како да ја искорениме”, заклучи Бојковска.