Корупцијата е рана на секое општество – нулта толеранција за корупција, изјави Ѓорѓиевски

-Денес во Собранието на РМ, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, учествував на панел дискусија во организација на ДКСК. Главна тема беа секако, клучните активности и предизвици во градењето на систем отпорен на корупција, објави Орце Ѓорѓиевски на фејсбук, претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на oпштина Кисела Вода.

-Корупцијата е сѐ уште голем проблем во нашето општество. Таа влијае на развојот на земјата, а истовремено ја зголемува и недовербата во институциите.
Само со заедничка акција на институциите и со поддршка од целокупната јавност, оваа борба ќе има вистински ефект, бидејќи напредокот на ова поле е еден од клучните фактори за приклучување на Македонија кон ЕУ, наведе во објавата.

-Обединети во оваа цел, со транспарентно и конструктивно работење, ќе можеме да ја водиме битката против корупцијата и секако, ќе имаме ефект од истата таа борба, потенцира Ѓорѓиевски.