Корупцијата во одборот за акредитација

Оваа година сведоци сме на леснотијата со која Одборот за акредитација на високото образование во актуелниот состав донесува решенија за акредитација на студиски програми. Дали се работи за непознавање на материјата, не верувам. Единствено што ме прави да се сомневам тоа е влезот на корупцијата во ова тело одамна, но сега се унапредува и усовршува. Затоа ја прашувам поранешната советничка на премиерот Заев, а сега претседател на Одборот за акредитација на високото образование, што прави, зошто дозволува на секоја „тобако“ продавница да и’ се издаде решение за спроведување на одредена студиска програма?

Со СДСМ на власт, образованието воопшто падна на најниски гранки и секоја таква продавница може да продава дипломи според желбата на купувачот. Многу сум разочаран кога тоа го остваруваат професори, доктори на науки и притоа оставаат траги за својата работа со која после промената на власта идната година секако дека ќе завршат зад решетки. Криминал каков што нема ни во Зимбабве.

Да, почитувана Татјана Ивановска!

Сите во твоето опкружување се свесни за тоа што се случува во Одборот со кој раководиш, твоите присуства на ФОН универзитетот со што му давате поддршка која не треба да ја има ако добро се применува Законот за високото образование. Едно потсетување, врз основа на моја претставка, после неколку инспекции беше сменет Ректорот на овој универзитет и испратен во пензија. Некои луѓе едноставно не знаат за доста. Секогаш им е многу малку тоа што го имаат. Очај!

Сакам да ја прашам Татјана Ивановска, дали слушнала за условите за акредитација на студиски програми, за потребата од 10 професори во редовен работен однос согласно член 61 став (3) од Законот за високото образование: потребно е најмалку 50% од часовите на настава на студиските програми за кои се бара акредитација (дозвола за работа), а најмалку 10 лица во наставно-научни звања во работен однос со полно работно време на секој од факултетите во состав на универзитетот.

Следејќи ги информациите на Агенцијата за квалитет на високото образование, ги видов следните акредитации на Европскиот универзитет:

Европски Универзитет – Скопје

1.Факултет за информатика / Бизнис информатика / 1 циклус / 240 / Решение
2.Факултет за информатика / Бизнис информатика / 2 циклус / 60 / Решение
3.Факултет за информатика / Бизнис менаџмент / 2 циклус / 60 / Решение

Европски Универзитет – Скопје

1.Факултет за економски науки / Маркетинг / 2 циклус / 60 / Решение
2.Факултет за економски науки / Финансии / 2 циклус / 60 / Решение

Европски Универзитет – Скопје

1 Факултет за економски науки / Финансиско-банкарски и сметководствен менаџмент / 1 циклус / 240 / Решение

Европски Универзитет Скопје

1 Факултет за економски науки / Здравствен и фармацевтски менаџмент / втор циклус / 60 / Решение

Европски универзитет Скопје

1 Правен факултет / Казнено право / втор циклус / 60 / Решение

До Татјана Ивановска ги поставувам следните прашања:

  1. Колку вработени има на пример на Правен факултет на Европски универзитет? Колку вработени има на Факултетот за информатика? Колку вработени има на Економскот факултет?
  2. Како е можно за прв циклус да не постои акредитација поради тоа што немаат 10 вработени на оваа единица, а за втор циклус да се потпише акредитација?
  3. Колку професори има на Факултетот за информатика и Економски факултет?
  4. Колку простории има за студентите и вработените согласно Правилникот за нормативите и стандардите за акредитација? Кога и да поминете покрај Европски универзитет ќе забележите некоја нова фирма и нејзина реклама, како на пример, ЈП Национални шуми.
  5. Како е можно да се стави рекламата пред еден месец дека уписите се во тек, а на сајтот на Агенцијата за квалитет на високото образование не се гледа ниту едно Решение за почеток со работа за студиските програми погоре наведени?

Го прашувам директорот Агим Рушити и Комисијата на Агенцијата за квалитет на високото образование како планираат да издадат Решение за почеток со работа?

Колку е цената на едно Решение на Одборот за акредитација и Одборот за евалуација на високото образование?

Почитувани членови на овие тела, партиски војници на СДСМ и ДУИ во голема опасност сте! Не сте внимавале што потпишувате! Не сте ги погледнале убаво документите. Ќе има голема работа за идниот чесен и непартиски јавен обвинител! Сите документи јавно Ви се објавени на сајтот на Агенцијата за квалитет во високото образование и со тоа сами сте ги потпишале доказите против себе. Едно да знаете дека навреме се складирани сите документи, но и документи за средби и вкусни ручеци и поклони.

Известени се и дипломатите во нашата држава!

Не сакам да ми замери Европскиот универзитет, ваква анализа секоја недела ќе следи за сите приватни универзитети! Податоците јавно се објавени на сајтот на Агенцијата за квалитет на високото образование и истите ќе бидат транспарентно анализирани.

Исто како што до мене пристигнуваат и пријави за инспекторите во Државниот просветен инспекторат. Тие се должни да постапуваат законски и да го применуваат Законот за високото образование.

Очекувам малку доблест од Татјана Ивановска да ми одговори на поставените прашања. Досега неколку пати јавно сум и поставил прашања, но никако да ме удостои и да ми даде одговор. Како носител на јавна функција очекувам овој пат да го стори истото!

На потег сте Татјана!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес