8.8 C
Skopje
вторник, декември 3, 2024

Корупциските скандали во владата на Заев на насловните странци во Италија

Корупцијата на македонската Влада се најде и на насловните страници на италијанските медиуми, а меѓу нив весникот La Verita излезе со наслов „Скандал во Скопје – Тендер за Леонардо:Цигани како нас“.

„Заради расчистување на сметките, објавени нелегални прислушкувани материјали. Заменикот на Заев изгледа дека мести тендери. Жртва е Плоштадот Монтеграпа (Седиштето на Леонардо). Внатрешно нестабилната Македонија овие денови е вознемирена од еден нов скандал на можна корупција, во кој би можел да биде вплеткан и Леонардо, во постојаното порамнување на сметките помеѓу опозицијата и власта што го карактеризира животот на оваа држава сместена во геополитичкото срце на Балканот.

Според амбиенталните прислушкувани материјали објавени минатиот петок во македонскиот онлајн весник Експрес, а пренесени интегрално од рускиот сајт, во сопственост на Газпром, Rutube, генералниот секретар на владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, изгледа дека нелегално интервенирал, во името на премиерот Зоран Заев, во дискусијата на која Властите за национална авијација одлучувале за доделување на договор вреден седум милиони евра, а е во врска со новиот систем за контрола на сообраќајот на аеродромот во Скопје чие купување е финансирано од ЕБРД- Европската банка за обнова и развој.

Според снимката, добиена од анонимен извор, тие сакаат да го склучат договорот со Леонардо бидејќи „би било полесно со Италијанците да се договориме имајќи предвид дека, според зборовите на генералниот секретар на Владата, тие се „Цигани како и балканските народи“.

Според изворите на La Verita, планот на македонските директори, претпоставено, би бил да можат да постигнат помала цена за системот прифаќајќи ја италијанската понуда со цел да можат остатокот од веќе уплатените европски пари на државната сметка да си го поделат.

Врз база на снимениот разговор, изгледа дека Леонардо бил информиран дека е предизбран, но и е информиран за фактот дека за да се заврши процедурата во наредните недели ќе мора да се ревидираат некои гаранции според внатрешните процедури на ЕБРД.

Македонската влада од своја страна за да може да го следи договарот ќе измени некои свои одлуки донесени на нејзината 63-та седница. Тајмингот кој е избран ова нелегално прислушкување да биде објавено, само неколку дена по наводниот состанок, открива и јасна намера да се поништи зделката со која Леонардо ќе ја победеше конкуренцијата на француската Талса и на шпанската Индра, ама пред се докажува како италијанското здружение без сопствено знаење е вмешано во илегална поделба на провизии од околу 15% од крајната сума на договорот, што е во целост внатрешна политика на владата предводена од социјалистот Зоран Заев.

Така компанијата од Плоштадот Монтеграпа се најде вовлечена во средувањето на сметките помеѓу владата и опозицијата предводена од Христијан Мицковски, а веројатно е дека ќе се најде вовлечена и во интернационална игра во која не само Франција и Шпанија имаат интерес да го спречат евентуалното склучување на италијанската зделка.

Целата оваа афера би можела да се искористи и за преоценка на мрежата на сојузници на Северна Македонија која и покрај тоа што во изминативе месеци ги прифати сите тешки услови поставени од Европската Унија за да продолжи по патот на целосна интеграција, на последниот самит на ЕУ, се соочи со ново одложување на започнување на преговорите пред се поради жестока опозиција и противење на Французите. Заев, дојде на власт во 2017 година, благодарение на разурнувачката моќ на прислушуваните материјали кои се однесуваа на матните зделки на претходната влада, а кои му беа обезбедени од Германија, која е сопственик на локалната телекомуникациска компанија. Сега ризикува да стане жртва на сопствените методи.