Кошаркарите на Македонија загубија вечерва во Фрибург од Швајцарија со 85:79 во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година, но, сепак го освоија првото место во групата.
Македонија имаше две победи против Словачка и убедлив триумф против Швајцарците во Скопје, па од првата позиција ќе ја продолжат борбата за наредниот европски кошаркарски собир.
Швајцарија во текот на целиот меч беше во водство, а избраниците на Давитков не успеаја во финишот од натпреварот да преминат во водство и да го добијат мечот.
Најефикасен кај домаќините беше Савој со 19 поени, а Војдан Стојановски даде 24 поени за Македонија. Бојан Трајковски додаде 19 поени, а новиот Американец во тимот, Витингтон постигна 11 поени.