Капитенот на „Арсенал“ и репрезентативец на „Франција“, Лоран Кошчелни ќе го пропушти претстојното Светско првенство во фудбал во Русија поради операцијата на ахиловата тетива, потврдија е од лондонскиот клуб.
Штоперот на „Арсенал“ на носилка беше изнесен од теренот на натпреварот од полуфиналето на Европската лига против „Атлетико“ во Мадрид. Поради повредата тој ќе го пропушти и почетокот на следната сезона, бидејќи, според првите прогнози, неговото враќање на теренот се очекува дури во декември.
Кошчелни дојде во „Арсенал“ од „Лориент“ во 2010 и освои две ФА купа и пехарот во „Комјунити шилт“.
Тој има одиграно 51 натпревар за репрезентацијата на Франција, а беше дел од тимот на Мундијалот во Бразил во 2014 година, како и две години подоцна на Европското првенство во Франција.