Ќосето му се заканувал на Заев

Жител на струмичко село преку Фејсбук му се заканувал на премиерот Зоран Заев, информираше МВР.

Станува збор Д.П.(33) од село Мокрино, против кого е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.

Според полицијата, осомничениот со употреба на корисничко име „Андон Ќосето“ на социјалната мрежа Фејсбук споделил објава со чија содржина упатил закана кон Заев и неговото семејство.