Кошаркарите на подготичка Будуќности Воли се првите полуфиналисти од годинашното издание на регионална АБА лига, откако во неделата со 2-0 во победите ја добија четвртфиналната серија против Мега МИС.
По домашните 94:77, Будуќност победи и на гостувањето во Белград, во драматичната завршница со 82:80 (15:19, 14:27, 26:14, 27:20). На полувремето Будуќност имаше негатива од дури 17 поени, но тоа го надокнади во продолжението и на крајот славеше предводена со 16-те поени и девет скока од Алфа Каба. Ерик Грин постигна 14 со пет скока и асистенции.
Будуќност во полуфиналето го чека победникот од дуелот меѓу Црвена ѕвезда и Задар. Во таа серија Црвена ѕвезда води со 1-0 откако го доби домашниот меч со 100:73. Вториот натпревар, во Задар, се игра во понеделник од 17 часот.
Во серијата Цедевита Олимпија – ФМП резултатот е 1-1, додека серијата меѓу Партизан и Дерби СЦ сѐ уште не е започната поради обврските на Партизан во Евролигата.