Кошаркарите во Загреб против Грција ќе ги започнат натпреварите на ЕП 2015

Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците за претстојното Европско првенство кое ќе се игра следната 2015-та година. Македонските кошаркари ќе играат во го групата Ц чиј домаќин ќе биде главниот град на Хрватска, Загреб.

На ждрепката одржана во Дизниленд, Париз, беше одреден изгледот на четирите групи од првата фаза на ЕП 2015 година, кое за прв пат во историјата ќе се одржи во четири земји.

Во првата фаза од шампионатот нашата селекција за противници во групата Ц ќе ги има репрезентациите на Холандија, Грција, Хрватска, Словенија и Грузија.

Во останатите групи ќе играат:

А група (Франција, Монпеље): Русија, БиХ, Франција, Финска, Полска и Израел

Б група (Германија, Берлин): Исланд, Турција, Шпанија, Србија, Италија и Германија.

Д група (Летонија, Рига): Естонија, Летонија, Литванија, Украина, Белгија и Чешка.