Кошаркарките на МЗТ Скопје првпат го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на МЗТ Скопје со една петорка го совладаа Баскет Кам 2011 со 75-60 во големото финале од женскиот Куп на Македонија и за првпат од своето постоење дојдоа до овој трофеј.

Во петорката која го играше целиот меч, МЗТ Скопје имаше две Американки кои доминираа на теренот и беа најзаслужни за големата победа. Оливија Ли постигна 27 поени, а Џои Симонс реализираше 25 и имаше 12 скокови.

Одличен меч имаше и Теа Митрева со 13 поени и 10 скокови. Најефикасна во составот од Македонска Каменица беше Марија Николов со 23 поени.

До крајот на денот МЗТ Скопје може да испише уште една историја. Доколку машкиот тим победи во финалето со Феникс, тоа ќе биде прв клуб со два куп пехари во еден ден.