Луксембург речиси целиот меч ја имаше контролата на резултатот и на крајот сосема заслужено дојде до победа на дуелот против „црвено-жолтите“ девојки.
Најефикасна во нашиот состав беше Тијана Митрева со 16 поени, додека во победничкиот тим се истакна Ким Сова со 17 коша.
Македонија денеска во 21 часот ќе го одигра и вториот меч, а за противник ќе ја имаме селекцијата на Романија.