Кошаркарот Дино Раџа повреден во сообраќајка

 

Поранешниот хрватски кошаркар Дино Раџа доживеал сообраќајна несреќа по која со возило на Брза помош бил пренесен во болница. Тој возејќи го својот мотор налетал на автомобил кој му го попречил патот на една крстосница пишуваат хрватските медиуми.

Полицијата извршила увид, но се уште не се знае кој поминал на црвено светло, односно кој е виновник за сообраќајната несреќа.

Како што пишуваат хрватските медиуми повредена е девојката која го возела автомобилот, како и останатите патници, а по судирот и падот од моторот Дино Раџа сам станал и седнал на тротоарот, па се претпоставува дека ниту неговата повреда не е сериозна.