![cska moskva](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/cska-moskva.jpg?resize=495%2C354&ssl=1)
Русија и руските клубови полека добиваат суспензии во сите спортови. Исклучок не е ниту кошарката, Евролигата денеска и официјално го направи тоа.
Извршниот одбор на акционери на денешен состанок одлучил да ги суспендира руските тимови, ЦСКА Москва, УНИКС Казан и Зенит од Евролигата, како и Локомотив Кубан од Еврокупот.