
Мајкл Џордан, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, стана на татко на близначки.
Кошаркарот и неговата 37-годишна сопруга Ивет во неделата станаа родители на Викторија и Изабел.
Како што соопшти портпаролката на Џордан, и мајката и двете новороденчиња се чувствуваат одлично.
Џордан идниот понеделник полни 51 година, а шетсгодишната врска со Ивет ја крунисаа минатиот април.
Џордан од првата сопруга се разведе во 2006 година, а од тој брак ма двајца синови и една ќерка.