Украина е изложена на ризик да го изгуби пристапот до Црното Море по завршувањето на конфликтот, изјави поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.
– Украина ќе биде отсечена од пристапот до Црното Море, ќе го изгуби најголемиот дел од производствениот капацитет и огромни количини ресурси, рече тој во интервју за Јутјуб каналот Ask The Inspector.
Според Ритер, тоа би можело да се случи поради губењето на контролата на Киев над Одеса, Миколаев, Харков и Дњепропетровск.
Ритер смета дека овие градови наскоро ќе станат дел од Русија.