Кошутиќ е новиот директор на МЖ Транспорт

Партијата на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ, добива уште една клучна позиција во третиот ешалон на власта.

Дејан Кошутиќ е новиот директор на Македонски железници – транспорт. Кошутиќ е поранешен заменик министер за транспорт и врски. Тој учествуваше во креирањето на законската регулатива за трансформација на железниците.

На позицијата доаѓа како добар познавач на состојбите во железницата, како и со познавање на клучните проблеми со кои се соочува претпријатието.

Кошутиќ беше последен директор на Скопски саем.