Кошмарот на Валдес во Јунајтед пред крај – голманот се враќа во Барселона

Но, не на “Камп Ноу”, туку во редовите на градскиот ривал Еспањол.

Раководството на овој клуб го посакува Валдес на својот гол, а трансферот ќе биде реализиран доколку Манчестер јунајтед му дозволи да си замине како слободен агент.

Валдес не е во добри односи со менаџерот Луј Ван Гал, а релациите им се влошија откако Шпанецот одби да брани за резервниот тим на “црвените ѓаволи”, сметајќи дека заслужува шанса да биде стартер во првиот состав.

Оттогаш, Ван Гал не му дозволува ниту да тренира со првотимците, а му најави и казна доколку влезе на теренот додека останатите тренираат.

Со оглед на ваквата состојба, се очекува Валдес да си замине од “Олд трафорд” оваа зима, а еден од најзаинтересираните клубови е Еспањол.