Американскиот амбасадор во Косово, Филип Коснет, денеска изјави дека неговата земја ќе се вклучи во решавање на проблемот на исчезнатите лица на Косово.
Клан Косова наведува дека Коснет денска го посетил меморијалниот комплекс во Велика Круша кај Ораховац.
-Знам дека сте слушнале многу ветувања, па затоа не сакам да ги давам, но САД ќе се вклучат, во соработка со Србија, во решавање на прашањето на исчезнатите, рече Коснет, пренесен од Косово-онлајн.
Американскиот амбасадор наведе, исто така, дека претставниците на Велика Круша му кажале за наводно исчезнување на 64 лица од тој крај во текот на судирот на Косово во 1999 година.