СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ф.(41) од Косово, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 27.06.2014 година, од страна на полициски службеници на ГП „Јажинце“ при влез во Р Македонија било запрено патничко возило „мазда“ со косовски регистерски ознаки, управувано од пријавениот, а по извршена контрола е утврдено дека постоечкиот број на шасијата е фалсификуван.