Дваесет и осумгодишниот Р.Н. од Косово доби кривична под сомнение дека извршил кражба во спортската обложувалница “Спорт Лајф“ во Чаир.
Тој прво ја скинал алката од вратата која со катанец била заклучена, а потоа и со физичка сила делувал на вратата и ја отворил. Од обложувалницата одзел два телевизори и еден мобилен телефон и избегал.
По извршената автоматска обработка на отпечатоците, констатирано е дека истите потекнуваат од пријавениот.Тој е приведен во полициска станица “Чаир“, каде го негирал делото.
Инаку, против Р.Н. во периодот од 2011-2014 година поднесени се три кривични пријави од областа на имотните деликти (тешки кражби).