Косовец починал додека работел во фурна во Чаир

Во четвртокот попладнето околу 18,14 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во фурна на подрачјето на Чаир починал вработениот Т.И., на 48 години од Косово, информира МВР.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.